Генералното собрание на Обединетите Нации објави интересно и креативно видео со неочекуван посетител, диносаурусот Френки кој се обрати со порака за човештвото: горењето на фосилни горива ги носи луѓето до изумирање.
Речиси 80% од сите емисии на стакленички гасови во земјата се од горење на фосилни горива.
„Барем ние имавме астероид, а што е вашиот изговор?“, прашува Френки.
Денови пред климатскиот самит на Обединетите Нации познат како COP26, што ќе одржи во Глазгов, Шкотска, Програмата за развој на ОН објави видео од компјутерски направениот Френки кој го повикува светот да не „избере изумирање“
„Голема благодарност до талентираниот Сашко Коцев кој се согласи да го позајми неговиот глас за важната порака на Френки да можеме да ја пренесеме и на македонски јазик!“, објавија од UNDPMK.
Во прилог погледнете го целото видео.
Повеќе за кампањата може да прочитате на dontchooseextinction.com/en/.