„Влези и плачи“, и „И јас имам анксиозност“ се дел од светлечките знаци во Собата за плачење отворена во Мадрид како дел од проект чија цел е да се разбие стигмата во општеството околу менталното здравје, плачењето и барањето помош.
„Навистина е одлична идеја да се визуализира проблемот со менталното здравје. Премногу е стигматизирано плачењето во Шпанија исто како и во многу други земји“, вели Јон Нелсом, студент од Шведска кој живее во шпанскиот главен град.
Пред една недела, шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека ќе бидат вложени 100 милиони евра за грижа за менталното здравје што ќе вклучува и 24 часовна СОС-линија за самоубиства.
„Не е табу, туку е јавен здравствен проблем за кој мораме да зборуваме соодветно и да го направиме видлив“, рече премиерот на 10 октомври, Денот на менталното здравје. Во 2019 3,761 човек извршиле самоубиство во Шпанија, втората најчеста причина за смрт по природна смрт. Еден од десет адолесценти се дијагностицирани со проблем со менталното здравје, додека 5.8 % од целата популација страда од анксиозност.
Извор и фотографии: reuters.com