Студентот Матија од Србија има 24 години. Тој е трансродов маж кој одлучил својата транзиција да ја документира јавно преку видео снимки. Снимките ги објавува еднаш месечно откако почнал со хормонска терапија во склоп на својата транзиција. Во почетокот своите видеа ги објавувал на Инстаграм профилот на организацијата „Da se zna!“, а потоа продолжил на Youtube и TikTok.
Во своите автентични снимки зборува и за физичките, психичките и социјалните промени кои ги доживува како и за својот живот генерално. Во интервју за српски Vice вели дека е „важно пошироката јавност да слушне што повеќе автентични транс искуства, кои не се сензационалистичко медиумски известување, единствено што можеше да се види до неодамна“.
„Како некој кој својот родов идентитет го откри гледајќи други транс мажи на Youtube посакав и јас да бидам некому таков вид на поддршка и извор на информации. Покрај уште еден и двајца мажи кај нас, малкумина го споделувале своето искуство на таков начин, па мислам дека на луѓето од заедницата тоа може да им биде значајно, особено поради тоа што нема многу вакви содржини на нашиов простор и на наш јазик“, вели Матија за Vice.
На прашањето за тоа каква порака треба некој да добие по гледањето на неговите видеа, Матија вели: „Транс луѓето се прво луѓе, а после транс.“