Evolving workspaces, empowering communities
„The Hub” е коворкинг простор во Скопје, поддржан од домашната ИТ компанија Адева кој се наоѓа на бул. Партизански одреди, спроти Соборниот Храм и нуди 30 индивидуални бироа за работа, простории за групни и индивидуални состаноци, простор за оддржување настани, како и приватни канцеларии со можност за долгорочно изнајмување.
Просторот се раѓа како одговор на предизвиците на денешницата во која границата
помеѓу работата и работно место во традиционална смисла, сѐ, повеќе се оддалечуваат меѓусебно. А околината во која работиме значително влијае на тоа како работиме. Новата работна ера бара зајакнување, баланс и одржливи работни места. „The Hub“ е простор кој воден од принципите на одржливост, флексибилност и извонредност, сака да постави нов стандард и да ја обликува иднината на работењето.
„The Hub“ e модерен работен простор каде што секој ќе може да работи удобно,
индивидуално, но и заедно, да се ангажира и да разменува знаење. Тоа ќе ја зајакне
индивидуалната благосостојба, раст и флексибилност.
Мисијата на „The Hub“ е да создаде екосистем кој ќе воспостави одржлив однос помеѓу работата и работниот простор, овозможувајќи им на луѓето да се здружат, значајно и позитивно да придонесат и влијаат кон заедницата, па и светот. За оптимален баланс помеѓу работата, животот и заедницата просторот е креиран да понуди погодни услови за успешно флексибилно работење, но и да стимулира продуктивност и да креира конекции помеѓу луѓето. Во просторот на располагање се и делови за опуштање, релаксација, социјализација и неформални состаноци, кујна и други удобности наменети да креираат продуктивна и мотивирачка работна околина.
Одличен избор за сите оние кои претпочитаат флексибилност, за тие што се во движење, за фриленсерите, дигиталните номади, стартап тимовите, како и за оние кои сакаат привремена промена на работното секојдневие, но не само поради удобностите и функционалноста, туку и поради заедницата и настаните што ќе ги понуди местото, што ќе биде всушност и обединувачка точка за сите оние кои ќе го посетуваат „The Hub”. Во „The Hub” ќе има широка лепеза на професионални настани, како и настани од културен карактер, кои ќе поттикнат значаен раст и промени, како на индивидуално ниво, така и во рамки на индустријата, но и во целото општество, како обуки, работилници, хакатони за општествено добро, сесии за добросостојба и враќање во баланс, со вклучување не само на стручната заедница туку и сите оние кои имаат интересда се вклучат или да ги прошират своите знаења или сметаат дека можат да придонесат заедно да направиме промени. Целиот профит што ќе го остварува The Hub, ќе биде вратен и реинвестиран во заедницата.
Adeva е глобална мрежа на софтверски инженери која ги поврзува компаниите со
најдобрите светски таленти од ИТ индустријата. Главната цел на Адева е да ги поттикне поединците и организациите да успеат според сопствените услови, притоа поттикнувајќи позитивни промени во заедниците.