„The Atlas of beauty“ е глобален проект, што ја слави убавината на жените од различни делови на светот. Михаела Норок, фотографка со авантуристички дух, голем вљубеник во уникатноста и поборник за ослободување од секаков вид стеги и стереотипи, е авторка на овој проект, што многу брзо се стекнува со светска слава.
“Имам посетено 37 земји и секогаш одново се изненадувам од начинот на кој убавината е видена од различните култури. Речиси во секоја земја на локалното население им ги покажував портретите на жените од претходните земји што ги имав посетено и многу бев изненадена од забелешките што ги кажуваа за нив. На пример, некој сосема вообичаен детаљ од фотографиите од улиците на Лондон за жените беше неприфатлив, па дури и шокантен.”
Овој алтруистички проект покажува дека убавина можеме да пронајдеме секаде и во секого. Тој е доказ дека време е сите стереотипи поврзани со убавината да се урнат. Жените од фотографиите на Михаела Норок докажуваат дека убавината не можеме да ја ограничуваме со боја на коса, на кожа, очи, раса и години.
”Се обидувам ликовите на овие прекрасни жени што ги фотографирам, да ја покажат нивната реална слика и нивната внатрешна убавина. Моја желба е да се намали бројот на луѓе што се
дискриминирани поради изгледот и сите да станеме толерантни кон различностите.”
Михаела Норок се надева дека ќе продолжи со овој проект и дека ќе биде инспирација за илјадници луѓе да бидат свои и на својата уникатност да гледаат како предност: