Девојчето од Авганистан со големите зелени очи, кое стана познато по насловната страница на магазинот National Geographic во 1985 година, доби статус на бегалка во Италија, изјави италијанската влада во соопштение до медиумите.
Портретот на 12 годишната паштунско сираче кое живееше во кампот на бегалци на авганистанско-пакистанската граница беше сликан во 1984 година од фотографот Стив Меккари и објавен следната година.Во моментот на сликањето никој не го знаеше нејзиното име, а 17 години подоцна беше пронајдено кое е девојчето од фотографијата, Шарбат Ѓула. Денес во нејзините доцните четириесетти години Ѓула живее во Рим.
„Во 1985 година благодарение на Стив Мек Кари, кој ја сликаше младата Ѓула во кампот за бегалци во Пешавар за насловната на магазинот, Шарбат Ѓула станува светски симбол на конфликтите и тешкотиите низ историјата за авганистанскиот народ“, се вели во соопштението.
Одговарајќи на барањата на цивилното општество како и на невладините организации активни во Авганистан, кои по настаните во август го добиле барањето на Ѓула да и се помогне да ја напушти земјата, премиерот на Италија, Марио Драги, самиот се заложил и го организирал патувањето во Италија во рамки на програмата за евакуација на граѓани на Авганистан.
Во 2016, Стив Мек Кари за Си-ен-ен ја раскажал приказната зад фотографијата.
„Знаев дека има неверојатен, длабок, продорен поглед. Но околу нас имаше гужва, прашина и тоа беше пред времето на дигиталните камери, така што не се знаеше што може да се случи со филмот“, кажал Мек Кари.
Но кога ја развил фотографијата видел дека е неверојатна.
„Му ја покажав на уредникот на National Geographic и тој веднаш стана и извика ‘ова е нашата следна насловна’, раскажал Мек Кари.
Извор: CNN