Мојот стил би го опишала како… комбинација на два изгледи: down to earth 90’s look + early 00’s going out look. Растев во овие две декади и тоа многу ми влијае на стилот на облекување.
Омилено парче облека што го поседувам…e свилената oversized кошула од татко ми, купена во почетокот на 90тите.
Брендот PINC настана како последица на … желбата да работам во мода, но не по правилата на стариот моден систем. Со Сара од самиот старт се насочивме кон дизајнирање несезонски парчиња и имаме етички пристап кон модата.
Во иднина PINC го гледам како… брендот кој го облекуваш кога одиш во локален клуб, но и преку ден на улица.
Најчесто купувам облека од … secondhand продавници и локални дизајнери и мерчови.
Инспирација наоѓам во... клабинг културата, а во последно време и во дневните активности.
Скопје го сакам заради… тоа што тука ги најдов луѓето за кои навистина се грижам.
А не го сакам заради… тоа што не го користи својот максимум.
Омилен лик од македонската модна сцена… Ивана Секуловска бидејки секогаш изгледа он поинт.
На инстаграм најмногу лајкам… мачки. Проверете го @smugreto
Парче облека што би сакала да го имам… сите парчиња од @weganyoung