Која е твојата омилена комбинација за лежерен ден?
Црни фармерки, можеби некој џемпер со текстура, кожна јакна, лоуферки и некоја интересна ташна.
Кој моден тренд ти се допаѓа оваа сезона?
Ми се допаѓа тоа што ремените се враќаат во мода со тоа да стојат само како моден додаток без никаква функција.
Преферираш силни бои или неутрални тонови?
Преферирам неутрални бои дефинитивно, но да има аутфитот “pop of color” на одредени аксесоари.
Следиш ли модни инфлуенсери за инспирација?
Да следам неколку инфлуенсери и на инстаграм и на тикток, кои не се толку познати.
Винтиџ или модерен стил: кој повеќе ти одговара?
Повеќе ми одговара винтиџ, но се зависи и од тоа каде треба да одам и како се чувствувам тој ден.
Како го правиш твојот моден израз впечатлив?
Не се плашам да експериментирам и се трудам секогаш да ја носам јас облеката а не таа мене.