Иницијативата #СподелиАвторка годинава одбележува петгодини постоење, пет години посветени на ширење наженското писмо, феминистичката и квир литературата, поддршка на авторки и создавање простор за заедничарење.
По тој повод, на 19 мај (вторник), со почеток во 18:00 часот, во Лабораториум ќе се одржи роденденски настан отворенза јавноста.
Настанот ќе вклучува:
– собирање донации на книги
– разговор за заедничарењето, феминистичката мисла и потребата од простор за женски гласови
– работилница за препев на поезија со платформата Медуза
– поетско читање со поетесата и новинарка АлександраСпасеска
– музичка програма со DJ Marigo
Во изминатите пет години, преку #СподелиАвторка се донирани повеќе од 5000 книги во над 20 јавни и независнибиблиотеки, младински центри, заеднички простори и библиотеката на женското одделение во КПУ Идризово. Иницијативата овозможи феминистичката литература и делата од жени авторки да стигнат до читателки и читателиниз различни градови и заедници, особено во помалите и маргинализирани средини.
Иницитијавата го проширува и поддржува женското творештво на македонски, албански, босански, српски, ромски и аромански јазик, а иницијативата создава просторза видливост и поддршка на авторки од различни позадинии искуства.
#СподелиАвторка не е само иницијатива за донирање книги, туку практика на солидарност, заедничарење и алтернативнаинфраструктура на знаење. Таа ја враќа библиотеката како жив јавен простор, место за средба, учење и колективнамеморија.
Петгодишнината на #СподелиАвторка не претставувазатворање на едно поглавје, туку продолжување на процесотна читање, споделување и поддршка.

