Совршена оаза во срцето на Виена создадена само за вас – почувствувајте го волшепството на хотелот „Амаурис“
Виена, главниот град на Австрија е град што ги плете историјата, културата и елеганцијата во ткаенина на вечна убавина. Познат како „град на музиката“ и „град на соништата“, Виена ги маѓепсува посетителите со својата величественост и уникатност.
Токму во срцето на Виена, градот што ги полни срцата на посетителите и им создава незаборавни спомени, во непосредна близина на зградата на Државната опера и зградата на Виенското музичко здружение, се наоѓа скриеното богатство – хотелот „Амаурис“, кој нуди бајковито искуство.
Инспириран од убавината и безвременската елеганција на црно-белата естетика на истоимената пеперуга, хотелот „Амаурис“ претставува повеќе од луксузно сместување во една европска метропола – ова е место каде што се среќаваат елеганцијата и иновативноста и каде што секој детаљ сведочи за концептот на современиот луксуз.
Сместен во зграда изградена во далечната 1860 година според проектот на австриските архитекти Вилхелм фон Флатрих и Карл Шуман, хотелот доби сосема нов сјај по реновирањето, нудејќи им ја на гостите есенцијата на совршенството.
Деталите ја создаваат уникатноста, па така сите 62 сместувачки единици, меѓу кои и собите Deluxe и Grand Deluxe, како и апартманите – Junior, Executive, Maisonette, Grand Maisonette и Loft, се луксузно опремени од секој аспект, со што секој има посебен шарм и карактер. Со внимателно запазување на деталите е доведено до интерпретирање на наследството и дизајнот на хотелот во модерната ера, а тоа му овозможува да продолжи да ја живее својата идеја дека во светот на сличности да се биде различен е клучот за успехот.
Незаменлива удобност – Просторот во хотелот „Амаурис“ е дизајниран со две компоненти, традиционална во форма на архитектонско наследство, и модерна, дури и авангардна, во однос на концептот на разбирање на просторот од страна на млади уметници, кои совршено ги пренеле и ги интегрирале своите визии во ентериерот.
Уметност што е рај за очи – Во секоја соба има мала, но избрана колекција на уметнички дела, кои ќе ви помогнат да се поврзете со културното наследство на Австрија и Виена. Оригиналните уметнички дела, кои датираат од периодот околу 1900 година, се дел од приватната колекција на семејството на сопственикот и тие се наоѓаат во ресторанот „Гласвинг“ и во истоимениот бар.
Мирисни ноти што ги будат сите сетила – Сите соби содржат производи за нега од италијанската компанија Aqva di Parma, додека за хотелот е дизајнирана посебна парфемска нота, Sense of Amauris, која ќе ве придружува насекаде.
Гастрономско искуство преплетено со уметност – Ресторанот „Гласвинг“, кој е во состав на хотелот „Амаурис“, претставува пеперуга со уникатна убавина и проѕирни крилја, а концептот на отворена кујна, предводена од готвачот Александру Симон, им овозможува на гостите да гледаат како се подготвува храната и да доживеат беспрекорна интеракција помеѓу услугата и кујнскиот тим.
Неповторливо уживање – Центарот Spa & Wellness е дизајниран според највисоки стандарди, а базенот со стаклен покрив им овозможува на гостите непроценливо задоволство.
Искусете ја убавина пред која и боговите молчат – Виена на сосема поразлично ниво!