Зборот колаген потекнува од грчкиот збор „kólla“ што значи лепак, и додавката „ген“ што значи да се создаде.
Колагенот сочинува дури 30% од сите протеини и затоа е најзастапен протеин во човечкото тело. Во нашето тело има повеќе од 28 различни видови колаген.
Колагенските влакна се главните креатори на меѓуклеточните супстанции на сврзното ткиво, давајќи им поддршка на клетките и грижа за стабилноста на ткивата. Го има во кожата, ‘рскавицата, коските, мускулите и тетивите и во сите сврзни ткива.
Нашето тело произведува само колаген, но по 20-та година од животот, процесот на формирање на колаген во телото се забавува. Ова прво се одразува преку:
- кожата која станува сува и опаѓа нејзиниот тонус, по што се појавуваат брчки,
- ноктите стануваат кршливи и кревки,
- косата станува потенка и почнува да паѓа.
Падот на концентрацијата на колагенот во телото се рефлектира и во тешкотијата при движење, бидејќи количината на колаген во зглобната ‘рскавица и тетивите и во мускулните влакна се намалува, со што мускулното влакно станува сè помалку еластично, а мускулната маса почнува да се намалува.
Зошто Peptan на Арбореал колаген во прав?
Матрикс на Арбореал содржи високи концентрации на колаген тип 1 и колаген тип 2, двата вида на колаген кои се најзастапени во нашиот организам и чии што концентрации најбрзо започнуваат да опаѓаат со текот на годините.
Колагените на Арбореал се без додатоци за мирис и вкус, што ги прави одличен избор (како и оние со дијагностициран дијабетес)
Говедскиот Тип 1, Морскиот Тип 1 како и Матрикс Колагенот на Арбореал имаат мала молекуларна маса – односно мали молекули кои брзо и лесно се апсорбираат во телото и на оние места каде што е потребен колагенот
Едноставно дозирање само еднаш на ден, притоа може да се меша во секаков тип на пијалок или храна.