Скопје – Лондон – Берлин – Варшава – Истанбул – Белград
Со вкупна изградена површина од 160.000 метри квадратни и 5 ката, како и современите содржини кои ги носи во Скопје, Ист Гејт Мол, кој се отвара во октомври годинава, се рангира на ниво на моловите и трговските центри во европските метрополи од модерната генерација, како што е Вестфилд Лондон, Мол Берлин, Злоте Тараси Варшава, Зорлу Истанбул.
Ист Гејт Мол, кој полека станува сè повидлива дестинација по исклучителната архитектура по која се издвојува, по големината и карактеристиките, како и брендовите и содржините кои нудат врвно искуство, забава и услуга, веќе се рангира на листите на најмодерни трговски центри во Европа.
Ист Гејт Мол се најавува како регионален бренд во индустријата, кој ќе ја зголеми вредноста на градот Скопје и неговото позиционирање во делот на континентална Европа, и кој нуди интернационална платформа за големите брендови да влезат на нови пазари, како што е македонскиот пазар.
ИСТ ГЕЈТ МОЛ Е ЗАМИСЛЕН КАКО ВИСТИНСКИ ГРАД- МЕТРОПОЛА
Во својата внатрешност, Ист Гејт Мол е метропола по чија физиономија наликува на урбаните центри во Париз, Милано, Берлин. Има свој Централен Булевар со висина од 18 метри, стаклен кров и многу природна светлина, на кој се наоѓаат најголемите и најпознати модни синџири, како и врвно уредени продавници со различен микс на брендови. Булеварот е вовед во центарот на сите случувања, го поврзува делот на шопинг со делот на гастрономија, а оттаму ги внесува посетителите кон резиденцијалниот дел и тој ја симболизира главната аорта со протокот на минувачи.
Паралелно со Булеварот е и главната Модна Авенија со софистициран амбиент со елегантен ентериер каде што се сместени селектирани брендови за машка и женска мода.
Централниот плоштад ги спојува сите катови на едно место на својата платформа која ќе служи како место на кое ќе се одвиваат сите културни и забавни настани, и оваа точка претставува место со свој „акцент“, разноликост и микс на закупци.
Она што е заедничко за сите места во центарот е светлината, пространството како и богатото зеленило, што го прават престојот на посетителите и купувачите неверојатно пријатен.
КОИ ПРИДОБИВКИ ГИ НОСИ ИСТ ГЕЈТ ЗА СКОПЈЕ И СКОПЈАНИ
- ПЕТ КАТА И 57.000 МЕТРИ КВАДРАТНИ ШОПИНГ КАКО И МНОГУ ДИНАМИЧНИ АКТИВНОСТИ
На приземјето се наоѓа сегментот на мода и модни аксесоари, од секојдневен џинс, сè до елегантни модни парчиња од најреномирани дизајнерски куќи, како и луксузни парфимерии.
Првиот кат е посветен на сегментирани производи: спортска облека и спортски реквизити, детска облека, мода за тинејџ популација, чевли и книжарници, како и големиот елегантен оддел за брза храна.
Двата ката под приземјето се посветени на различни продавници, за производи за дневна потрошувачка вклучувајќи голем хипермаркет за свежа храна, продавници за ситен мебел, декор и аксесоари во домот, како и продавница за бела техника.
- МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ТРГОВСКИ ЦЕНТАР
RETAILTAINMENT ЦЕНТАР не е само ново-дефиниран збор, туку е симболика на трендот во светот по кој трговските центри го прават миксот на содржини. Ист Гејт Мол не e само за шопинг, туку го трансформира начинот на кој еден центар работи. Овој трговски центар нуди добро планиран микс на брендови, и на едно место нуди шопинг, гастрономија, голем избор на брза храна од светски кујни, модерни кафетерии, забава со кино сали и игротека, фитнес, голем број на услуги, банки, пошта, резиденцијални станови како и канцелариски простор. Групацијата „Балфин“, како доминантен акционер има тенденција да создава трговски центри кои не само што се најконкурентни во регионот, туку се сметаат за центар на локалната заедница. Следејќи ги најновите трендови во retail индустријата, како и најсовремените технологии, развива недвижности со простор кој е адаптиран на стилот на живот на луѓето.
АТРАКТИВЕН И СОФИСТИЦИРАН TENANT MIX
Трговските центри се дом на широк спектар на специјализирани продавници кои ги пружаат сите можни услуги потребни на современиот човек, од сите сегменти на мода, спорт и спотски реквизити, козметика и парфеми како и аксесоари за домаќинството. Во изборот на специјализирани продавници, доминираат продавниците анкори кои се големи меѓународни брендови кои влечат посетеност како што се шпанскиот моден магнат „Индитекс“ и полскиот моден гигант „ЛПП“, кои доаѓаат со целото портфолио единствено во Ист Гејт Мол, како и новите брендови кои доаѓаат за прв пат во Македонија и ќе имаат единствена и прва продавница во Ист Гејт и ХYZ, Kiko Milano, Dan John, Armani Exchange, Madam Koko, Patrizia Pepe, Twinset, The Athlete’s Foot, се меѓу продавниците што ги прават своите први обиди на овој локален пазар. На овој начин, ние веруваме дека миксот се поклопува со моделот на живот на нашите клиенти и создава атмосфера погодна за пријатно купување.
- Понуда за услуги и забава кои овозможуваат нашите посетители да уживаат во секој момент
Ист Гејт Мол нуди повеќе од место за купување и јадење. Постојат бесконечни опции за забава, вклучително и кино, фитнес центар и платформи за културни активности како што се поетски читања, готвење или садење цвеќиња. Ист Гејт е столб на локалната социјална инфраструктура. Во Ист Гејт Мол исто така ќе се одржуваат концерти, локални фестивали, традиционални уметности и културни активности во мини формати на кои ќе учествуваат локални музичари. Овој елемент на трговскиот центар е дизајниран да создаде релаксиран, удобен простор во кој посетителите можат да поминат цел ден со своето семејство, пријатели или партнери.
МОЛ ДЕСТИНАЦИЈА
СИНЕРГИЈА НА ШОПИНГ СО БРОЈНИ УСЛУГИ: Центрите во Европа ги претставуваат концептите на центар – дестинација, кој е концепт на иднината. Концентрацијата на шопинг, ресторани, кафетерии и услуги на едно место, со брза и едноставна услуга во трговски центар е логична еволуција на трговските центри во Европа. Денес, на еден современ човек, потребни му се брзи и достапни услуги на едно организирано место, со простран паркинг и пристапи со сите транспортни средства.
Ист Гејт дава инспирација за посебни и иновативни малопродажни простори во Молот кои навистина нудат нешто посебно. Тоа ќе биде „хипер-услужен и поврзан-микро град“.
КОЈА РАЗЛИКА ЈА ПРАВИ ИСТ ГЕЈТ МОЛ
ЦЕНТАР КОЈ ПРЕТСТАВУВА КУЛТУРЕН И ОПШТЕСТВЕН ХАБ Тенденцијата на трговските центри во Европа е да се позиционираат како простор на заедницата; како место за прв состанок, место за излегување, место каде ќе најдете златара и за прв пат ќе си ги прободете ушите, или место за дружба за тинејџери без надзор од родителите. Во следните години, токму „елементот на поврзување со заедницата“ во трговските центри ќе заземе централно место. Чувството на заедница ќе се зајакне и ќе се капитализира за да се создадат интерактивни простори за дружење и соработка со брендовите. Овој трговски центар во иднина ќе биде домаќин на релевантни, персонализирани брендови и настани, кои се фокусираат на вистинско подобрување на животот на нивниот клиент.
Иновациите и експериментите се во срцето на Ист Гејт Мол. Првенствено овој трговски центар и овој простор ја менува играта, со тоа што на едно место нуди канцелариски простор, станбен простор, содржини за дружење, гастрономски содржини, како и претставува центар за активности со продавници и услуги расфрлани низ целата површина.
ЦЕНТАР КОЈ ГРАДИ РЕЛАЦИИ СО ЗАЕДНИЦАТА: Ист Гејт Мол нуди заеднички простор на својот плоштад, мостови, како и надворешен амфитеатар, на кој ќе биде домаќин на бројни настани кои ќе ги поврзуваат луѓето, ќе овозможат комуникација и среќавања, како и настани за отворена дискусија, игра и експериментирање.
ЦЕНТАР КОЈ ЗАСТАПУВА ВИСОКА ЕТИКА: Ист Гејт Мол работи со етички брендови кои се грижат за зачувување на животната средина, кои иновираат ткаенини од одржливи извори, и кои застапуваат исти вредности и даваат позитивни иницијативи за унапредување на средината во која живееме.