Дејан Давчевски (@davcevski.d) e уметникот кој заеднo со тројцата други млади креативци беше дел од соработката со East Gate Mall, а со свој уметнички печат ја направи и илустрацијата за тоа како го гледа големиот трговски центар.
Што претставува за вас цртањето и како изгледаа почетоците и вашите први дела? Како јa дефинирате вашата уметност?
За мене цртањето претставуваат многу нешта, може да биде тоа брза скица или цртеж во боја. За да се стигне до крајниот резултат за една идеја, мора да се има скица најпрво, а потоа главен цртеж. Моите први дела беа реално некакви експерименти, но благодарение на тие мали чекори денес сум многу постабилен во однос на стилот. Моите дела ги дефинирам како едноставни форми, кои немаат потреба да имаат многу детали за да ја раскажат целатa приказна.
Од каде црпите инспирација за делата и кое дело досега ви претставувало особен предизвик? Дали сметате дека уметникот треба да остане доследен на својот уметнички стил и како да ја задржи индивидуалноста?
Мојата инспирација за досегашните дела е урбаната уметност. Графити културата до денес ме држи мотивиран да творам. Особен предизвик за одредено дело беше муралот во катната гаража 26-ти јули. Еден уметник за да ја задржи својата индивидуалност треба повеќе да се појавува во јавноста и да покажува нешто свое. Со тоа ќе стекне свој индетитет и свој став, а секогаш ќе има некој што ќе се пронајде, и ќе го цени сработеното.
Каков е одзивот на публиката кога гледа ваши дела, какви критики добивате? Дали досега сте имале изложби? Како се справувате со негативните критики?
Моментално одзивот на публиката за моите дела, има и позитивни реакции и негативни, кои што ме прават задоволен. Кога станува збор за моите дела, тие сѐ уште не го добиле потребното физичко вреднување, сега за сега голем дел од мојата колекција е достапна на моите социјални медиуми, но во тек е спремање на самостојна изложба која треба да се случи летово. Секогаш ќе има конструктивни критики, меѓутоа честопати ја преминуваат границата и водат кон омраза, а нужно е да се прави разлика и да се воочат грешките, како и да се оттргне негативното гледање на нештата.
Што значи живеењето во Скопје за вас?
За мене како роден град значи многу, исто како кога ќе се вратите од работа и конечно ќе се опуштите и легнете на кревет. Живеењето во Скопје носи свои убавини како Водно, Скопската чаршија, Градскиот парк и многу други места кои оставиле убави моменти за луѓето кои живеат тука. Живеењето во Скопје за мене е прошетка низ кејот, проаѓање преку Камен мост, и одејќи до Музејот на современа уметност.
Што претставува за вас Ист Гејт Мол и која содржина од трговскиот центар најмногу ви се допаѓа?
Скопје досега немало ништо приближно до ова, и сметам дека нуди нови опции. Како еден трговски центар кој е направен како мало гратче ќе биде сигурно поголема атракција во наредните неколку години. Мене во самиот трговски центар ми се допадна атриумот, има многу светлина која влегува во трговскиот центар и не се чувствува дека си воопшто во затворен простор. Секој кој ќе дојде без разлика дали е за шопинг, или да испие кафе ќе се чувствува комотно.