Бојан Јанев – „Мојот личен прогрес, пред сè, сметам дека се должи на тоа што константно се стремам кон повеќе и подобро. Речиси никогаш не сум задоволен од себеси и од сработеното, не запирам, верувам во промена и работам искрено и со пасија“.
Никола Гелинчески – „Од соработката со учениците можат да се извлечат поуки и на професионално и на карактерно ниво. Сосема е логично дека при таа комуникација каде што јас ги учам како да се добри ученици и тие ме учат како да сум добар наставник, да морам да се приспособам на нивниот карактер за полесно да допрам до нив“.
Алекс Пуци – „’Таble for four’ се јави од потребата за креирање и себеискажување. Често велам дека чиниите се моето платно на кое можам да цртам и да се изразам. Чувствував потреба дека е време да се покаже нешто различно и специфично кај нас“.
Ирена Поповска – „Немав ни 24 години кога се појавија првите симптоми. Привршував со студиите и работев хонорарно за весникот „Дневник“ кога почнав да чувствувам слабост во левата дланка. Го губев стисокот, се сопнував“.
Два Бона – „Ние сме првите мејнстрим артисти од Македонија (барем од осамостојувањето) кои прават музика само на македонски јазик, а се слушани низ целиот Балкан и делови од Европа. Среќни сме што ја уриваме таа бариера и се надеваме дека со тоа отвораме пат за нови, млади артисти, што впрочем е и нашата мисија со нашата издавачка куќа ‘Горила’“.
Мартин Иванов – „Монтажерот влегува во филмскиот процес кога се пребројуваат жртвите од снимањето и кога се разгледува уловениот плен. Во тој момент, режисерот честопати е полн со сомнежи, среќа, тага, радост и љубопитност да види што има зад хоризонтот и како ќе изгледа конечниот филм во кино или на ‘Нетфликс’“.
Зоки Бејбе – „Во ‘Прва убава работа во денот’ имаме среќа и чест да ни гостуваат личности кои секако ќе бидат запаметени по нивната квалитетна работа, но и влијанието што тие го имаат врз светското препознавање на овој град како метропола“.
Милена Витман – „Инспирација за да го напишам филмот ми беше моето севкупно искуство со мајчинството, а постпородилната депресија беше само дел од тоа. Сите го доживуваат мајчинството поинаку, но факт е дека општеството во кое живееме не нуди подготовка на сè она што таа голема промена носи“.
Сара Климоска – „Не можам дури и да опишам колку сум среќна со последните успеси на македонската кинематографија. Во последните неколку години имавме многу сериозни пласмани на едни од најважните филмски фестивали во светот, а со тоа се зголемува инспирацијата, потенцијалноста и квалитетот за идните генерации да имаат мотив, желба и порив да создаваат добра филмска уметност“.
Леана Таќи – „За добро здравје препорачувам… менување на нештата кои се менливи, прифаќање на сите нешта кои не можеме да ги смениме и мудрост да ја знаеме разликата.“