Погледнете со кого разговаравме во летното издание на „Портрет“ кое веќе е во продажба!
Слаѓана Вујошевиќ
„Најубавата возбуда при креирање лик ја чувствувам во моментите кога ја правам дистанцата помеѓу мене и ликот“.

Даниел Николовски
Дизајнер на мебел и ентериер во Милано, Италија
„Современиот мебел е интердисциплинарен и отворен за интерпретација, дозволува да раскажеш идеја преку форма и материја“.

Сергеј Спировски
Графички дизајнер
„На креативноста не би ѝ ставил рамка за да ја ограничам“,

Симона Јованоска
Писателка и добитничка на наградата Роман на годината
„Дождовниот црв во „Денот на црвот“ е повеќе од протагонист“.

Софија Ристевска
Режисерка
„Хуморот и самоиронијата се моите основни двигатели во последниве неколку години“.

Ивица Димитријевиќ
Актер и режисер
„Инспирацијата е насекаде и затоа е непресушна“.

Сузана Милевска
Кураторка и теоретичарка на визуелна уметност и култура
„Околу половина од човештвото ѝ должи извинување на другата половина. (На сите жени што во различни историски периоди и култури биле изложувани на измачување и дискриминирање)“.

Соња Ставрова
Фотографка
„Секој елемент од кој е создадена фотографијата е еднакво важен и предизвикувачки“.

Сашко Потер Мицевски
Монтажер на слика и дизајнер на звук
„Секоја одлука што ја носев низ образованието водеше кон остварување на сонот“.


