Предлог претстави, филм, опера, концерт, Бубамара, Оскаровска Гала вечер. Што интересно може да гледаш до крајот на овој месец.
1.MOJOT MAЖ | Петок, 16. февруари 2024, 20:00 и четврток, 29 февруари 2024, 20:00 (ДРAMСКИ ТЕАТАР)
Претстава режирана според истоимената книга со раскази на Румена Бужаровска. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото.
2.МОМЧЕТО СО ПРУГАСТИ ПИЖАМИ – ГОСТУВАЊЕ | Петок, 16 февруари 2024, 20:00 (НАРОДЕН ТЕАТАР)
Дејствието отсликува невино и несфатено пријателство меѓу син на командант на концентрационен логор во Полска и дете на негова возраст но од спротивната страна на бодликавата жица. Слика за војната како феномен и нејзините ужаси низ призма на интензивен психолошки судир на архетипни карактери кај едно нацистичко семејство. Претставата е потсетник дека „сегашноста никогаш не му простува на минатото“.
3.БЕДНИ СУШТЕСТВА | секој ден по две проекции во различно време (CINEPLEXX)
Номиниран во 11 категории за Оскар, Бедни суштества е приказна за еволуцијата на Бела Бакстер, млада девојка оживеана од брилијантниот научник доктор Гудвин
4.НЕОБИЧЕН ДЕН – ДЕТСКА ПРЕТСТАВА | Сабота, 17. Февруари 2024, 17:30 и 19.30 и понеделник, 19. февруари 17:30 и 19.30 (НАРОДЕН ТЕАТАР)
5+ Фамилија во детскиот свет во кој ништо не е невозможно и несовладливо, несовладливо и детската имагинација и детското срце на кои ништо не им е далечно и непознато Но, понекогаш треба да се отпатува далеку за да се сфати дека сѐ што е потребно е тука, до нас и во нас.
5.ЦЕЛОВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ НА ДУКЕ, КРСТЕ И ИСМАИЛ | Петок 16. февруари 2024, 19:30 и сабота, 17 Февруари 2024, 19:30 (ФИЛХАРМОНИЈА)
6.ДАМАТА СО КАМЕЛИИ | Среда, 21 Февруари 2024, 20:00 (НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ)
Диригент: Иван Еминовиќ, кореограф: Василиј Медведев (Русија), либрето: Јана Темиз, сценограф, костимограф и дизајн на светло: Павол Јураш (Словачка), Асс. кореограф: Станислав Фечо (Чешка), репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова и Дафина Данилоска. Во главните улоги: Маргарита: Марија Кичевска Шокаровска, Арманд: Франциско Хименес Руиз (Шпанија).Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и Оркестарот на Националната опера и балет
7.ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА | Четврток, 22 Февруари 2024, 20:00
Под мотото „Кој чека ќе дочека“, ќе се одржи овоходинешната Златна бубамара на популарноста во Арена „Борис Трајковски“. На сцената повторно ќе ги видиме најголемите музички звезди од Македонија и регионот, не очекува незаборавна сатира, хумор и насмеани лица. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење образци и потписи.
8.ОСКАРОВСКА ГАЛА ВЕЧЕР | Среда 28 Февруари 2024, 20:00 (НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ)
Во пресрет на 96-то доделување на наградите Оскар, Гала вечер во Националната Опера и Балет. Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Здружението на џез музичари-ЗЏМ. Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Низ ова филмско – музичко патешествие ќе ве води долгогодишниот коментатор на Оскаровскиот пренос, Миланка Рашиќ. Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне со Црвен тепих во 19:30.