Филмот „Сестри“ на младата режисерка Дина Дума е првиот македонски филм што ќе се прикажува на „Нетфликс“ почнувајќи од овој петок. Оваа информациј ја потврди Дума за fakulteti.mk. Филмот е и национален кандидат за Оскар за најдобар меѓународен филм за 2022.
„Сестри“ во август имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде што ја освои Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот. Филмот е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното декадентно однесување, а македонската премиера беше на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Од 16 декември филмот се прикажува и на редовен репертоар во кино Милениум и кино 3Д Битола.