Убавите италијански села и градови страдаат од премногу туристи, но градоначалникот на малиот крајбрежен град Портофино воведе „зони без застанување“ во кои во периодот од 10.30 наутро до 6 часот навечер туристите нема да смеат да се задржуваат предолго за сликање или во спротивно ќе платат казна од 68 до 270 евра.
Градот има нешто повеќе од 400 жители но привлекува многу туристи и бројката некогаш достигнува над 10.000. Резултатот е голем метеж по улиците и застој во сообраќајот. Забраната има цел да делува превентивно за големите групи туристи да не се собираат на пристаништето и ќе трае додека не заврши туристичката сезона на 15 октомври.
На кој друг начин се бори Италија со премногу туристи?
Портофино не единствениот град преплавен од туристи. Градовите на брегот Амалфи исто така се соочуваат со голем број на туристи во летните месеци што пречи на функционирањето. За да се намали сообраќајот на познатите 35 километри помеѓу Ветри сул Маре и Поситано минатата година беше воведен систем пар-непар за автомобилите во месеците помеѓу јуни и септември. Колите со регистрација која завршува на непарен број имаат пристап на патот во непарните датуми, а тие што завршуваат со парен број имаат пристап на парните датуми.
Венеција исто така се соочува со голем број на туристи, а во екот на сезоната, од град со само 50.000 жители, станува град што прима и по 150.000 туристи на ден. Во 2021 големите крузери беа забранети на пристаништето, а градот размислува да воведе и наплати влез во градот за туристите следната година. Туристите што преноќуваат веќе плаќаат такса од 5 евра по вечер која е вклучена во нивните хотелски сметки.