Во динамичното секојдневие исполнето со тренинзи, натпревари и постојани предизвици, малите навики често ја прават најголемата разлика. Токму затоа, преку серијалот „Се хидрираме со Роса“, разговараме со врвни македонски спортисти за нивниот живот и надвор од спортските терени, за рутините, мотивацијата и балансот што ги одржува подготвени за секој нов предизвик.
Новиот гостин е Виктор Ефремовски, еден од најдобрите стрелци во македонската кошаркарска лига, кошаркар кој со својата посветеност, дисциплина и талент остава силен впечаток на домашната кошаркарска сцена.
Со Виктор разговараме за неговиот спортски пат, амбициите, предизвиците со кои се соочува, но и за секојдневните навики што му помагаат да остане фокусиран и подготвен. Неизоставен дел од тие навики е и правилната хидратација, а Роса, како нискоминерална природна вода, е природен избор за секојдневна хидратација и поддршка на активниот животен стил.
Низ искрен и опуштен разговор, Виктор открива како изгледа неговото секојдневие, што го мотивира да продолжи да напредува и како ја одржува рамнотежата меѓу спортот и приватниот живот.
Погледнете ја најновата епизода од „Се хидрираме со Роса“ во продолжение.




