Ако викендов не бевте во Преспа, пропуштивте настан за кој уште долго ќе се зборува. На 20-ти јуни, Претор беше епицентарот на најпозитивната енергија во Македонија. Првото издание на фестивалот Prespa Run & Fun 2026 не само што ги исполни очекувањата, туку приреди спектакл каков што овој регион одамна, одамна не доживеал.



Ова е токму тоа што ѝ требаше на Преспа! Настанот успеа да ја покаже во нејзиното вистинско, блескаво светло — жива, полна со младост, елан и потенцијал. Организацијата беше на ниво на големите светски маратони, а тимот на Prespa Run & Fun нè потсети на најубавите, златни времиња на Преспа, но со еден нов, супер-модерен и урбан печат кој гласно порача: Преспа има иднина!
Од утринско сонце и трчање, до танцување под отворено ѕвездено небо покрај езерото : ова беше комплетно, целодневно фестивалско искуство.


Зад оваа беспрекорна организација, масовна посетеност и врвна храна, стојат три имиња: Ангела Трајчевска, Христијан Трајчевски и Стефан Василевски.
Овие тројца млади луѓе успеаја во една благородна и моќна мисија — да ги обединат младите од Преспа, но и нивните другари и ентузијасти од цела Македонија и странство. Нивната цел беше едноставна, а сепак голема: да докажат дека со вистинска визија, љубов кон родниот крај и многу труд, Преспа може да биде центар на модерни, светски настани. И успеаја! Сплотеноста и енергијата на целиот тим се чувствуваше во секој агол на Претор.
Повеќе од трка: Спектакл на патеката и надвор од неа
Фестивалот привлече повеќе од 750 натпреварувачи, но и илјадници посетители кои дојдоа за поддршка, забава и уживање на плажа. Патеката за трчање понуди магични погледи, сместена на преубавата локација покрај Преспанското Езеро, распната меѓу моќните планини Баба и Галичица.
Она што ја направи трката уникатна беа локалните бендови кои свиреа на неколку места по патеката — во дворови од викендици, приколици и сред бавчите со јаболка, давајќи им неверојатен ветар во грб на тркачите.
Покрај спортскиот дел, посетителите уживаа во:
- Food Court со изобилство од вкусови, каде се дегустираа голем број традиционални, домашно направени преспански специјалитети.
- Креативен базар со рачни изработки и уникатни производи од македонски дизајнери.
- Авантури со СУП даски и кајаци на езерото, релаксирачка јога на open-air и уредена камп зона за оние кои сакаа целосно да се спојат со природата.
Забавата траеше до доцните часови, а за атмосферата да зоврие се погрижија одличните настапи на The Ringtones, Паркети, BerryqyatАндреј Савиќ, Emily Nas и Јанко Петел јаваше .


Најдобрите на Prespa Run & Fun 2026
На спортскиот трон оваа година се искачија следните атлетичари и тимови кои покажаа неверојатна подготвеност:
Победници на 10км (Мажи)
- Мислими Муџахид
- Илиев Димитар
- Кираџиев Александар
Победнички на 10км (Жени)
- Кираџиева Биљана
- Чкрипеска Милена
- Тодоровска Викторија
Победници на 5км (Мажи)
- Никовски Григоријан
- Димитриевски Роберто
- Делоски Андреја
Победнички на 5км (Жени)
- Крстевска Дарија
- Јанковиќ Душица
- Grueska Bistra
Најдобри тимови
- 10км: RH (Атлетски клуб од Унгарија)
- 5км: Планинарски клуб Vertitrail од Охрид



Prespa Run & Fun 2026 постави нови, високи стандарди за тоа како треба да изгледа еден фестивал. Претор и Преспа покажаа дека живеат во полн сјај, дечките завршија огромна работа, а ние веќе одбројуваме до следното издание





