Со повеќе настани од уметници и артисти на социјалните мрежи на МКЦ во петок (22.01) во 18 часот ќе се одбележи „Роденденот на уметноста“ во МКЦ по деветти пат, како онлајн издание.
„ ‘Роденденот на уметноста’ е настан со кој МКЦ веќе неколку години наназад ја започнува годината. По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно ‘дигитализирање’ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година.
Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо. Закажуваме виртуелна средба на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот на социјалните мрежи на МКЦ.
Да, повторно онлајн, но, се надеваме не за долго,“ велат од МКЦ.
Програма и редослед:
Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку Zoom
[Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов
Pluto’s doubts [Култура во време на корона]
[MAKEDOX presents] Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски
Црнила Remix [Cross Шtream]
[CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ
Фолтин [European music day]
[Flipbook film presents] Карантин, рeжија: Иван Андреевски
ИСКРА [концертна промоција]
[CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска
Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream]
[Flipbook film presents] Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш
Импров група Настап [Култура во време на корона]