Македонската сениорска ракометна репрезентација победи во бараж пресметката со Фарски Острови и со тоа обезбеди учество на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во три земји-Хрватска, Норвешна и Данска.
Благодарност стигна од Ракометната федерација на Македонија за сите кои навиваа за нашите ракометари.
„Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број еден ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:
1. Женска сениорска репрезентација – ЕП 2024 (Австрија, Унгарија, Швајцарија) 28.11.2024-15.12.2024
2. Машка сениорска ракометна репрезентација – СП 2025 (Хрватска, Данска, Норвешка) 14.01.2025 – 02.02.2025
3. Женска младинска ракометна репрезентација – СП 2024 (Македонија) 19.06.2024-30.06.2024
4. Машка младинска ракометна репрезентација – ЕП 2024 (Словенија) 10.07.2024- 21.07.2024
5. Машка кадетска ракометна репрезентација – ЕП 2024 (Црна Гора) 07.08.2024- 18.08.2024
Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции! Вие сте наша гордост!!! Со почит. Ракометна Федерација на Македонија“, стои во објавата на РФМ.