Ако го барате највозбудливиот музички настан ова лето, тогаш Red Bull SoundClash е дефинитивно настан што не смеете да го пропуштите. Овој музички дуел, во светот се одржува со години, и во него две музички ѕвезди, се соочуваат на бина, каде наизменично, ги пеат своите и туѓи (на противникот) песни, поединечно и заедно. Оваа година, односно на 2 јуни во Белград, Србија на Долен Калемегдан, ќе се соочат легендарните Лепа Брена и Senidah. Овој единствен дуел синоним за врвна забава и незаборавно искуство, ќе биде многу повеќе од концерт. Публиката ќе има можност да ужива во овој дуел, да слушне како звучат некој од најголемите хитови на учесничките, со нови аранжамани и обработки.
Red Bull SoundClash како концепт се појавил во 1970 година во Кингстон, а од 2006 година Red Bull го одржува како свој препознатлив настан. Еве како изгледа овој музички предизвик, објаснет накратко:
#1 Загревање и прва рунда: The cover
Загревањето започнува со најголемите хитови, а публиката сама одлучува која од ѕвездите прва почнува. Потоа двете артистки треба да изведат хитови од трет изведувач, кој ексклузивно ќе биде откриен на 2 јуни.
#2 The Takeover
По првата рунда започнува делот the takeover, во која пејачките ќе треба да изведат три песни на нивната соперничка, но интерпретацијата да биде во сопствен стил и со личен печат. Како ќе звучат нивните најголеми хитови меѓусебно сменети ќе видиме сите на 2 јуни, на Долни Калемегдан.
#3 The Clash
Оваа рунда е вокално инструментален дуел, вистинско возење низ музичкиот универзум, а најголемите хитови со нов аранжман, изведба и прекрасен сценски настап ќе бидат вистинско уживање за публиката.
#4 The Wildcard
Оваа рунда е резервирана за големо изненандување, кое е строго чувана тајна, скоро исто толку колку тајната како Red Bull ти дава крииилја!
#5 Finale
Оваа рунда е резервирана за последен обид за да се освои наклонетоста на публиката, и по големото финале публиката ја избира победничката на Red Bull SoundClash.
Едно е сигурно, очекуваме светски настан, со многу добра музика и одлична атмосфера.