• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

јануари 15, 2021

Види

„Врба“ на Манчевски пред американската публика

јануари 13, 2021

Види

Актерката Сара Климоска меѓу десетте европски актерски имиња – Shooting Star за 2021 година

јануари 12, 2021

Види

Авенијата Шанз-Елизе во Париз ќе биде претворена во градина

јануари 11, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Живот и Култура, Новости

[Рецензија] Emily in Paris
Автор: Миа Милошеска

октомври 13, 2020

[Рецензија] Emily in Paris

Знаете, кога пред очи ќе ви се појави нешто толку неубаво (да не кажам грдо) и чудно, што не можете да престанете де го гледате?

Комедијата Еmily in Paris jа имаше својата долгоочекувана премиера на Netflix на втори октомври и истата сè уште може да се гледа на платформата.

RINGARDE (во превод, basic на француски)

Што е според мене важно да се спомене, напомене и нагласи (како очигледно):

Емили (Lilly Collins) работи во маркетинг фирма во Чикаго која купува помала, маркетинг фирма во Париз. Како би помогнала на колегите во Париз со наметнување на „американски“ дух и иновативност, Емили се сели во Париз. Се разбира, таа воопшто нема познавање од францускиот јазик, и поради тоа е претерано осудувана од сите околу неа – дури и средновековната жена која продава кроасани во пекара. 

Емили е секогаш насмеана од шестка до шестка и со истата насмевка враќа на сите нечовечки префрлања од нејзините колеги; новата шефица Силви, витка 50 годишна жена секогаш средена од глава до петици, Жулиен и Лук (единствената шармантна појава во серијата) – дуо во фирмата чија конкретна позиција останува неоткриена низ целата серија итн…

Емили трча 5К секое сабајле насмеана, облечена во Chanel маичка до над стомак. Половина од облеката која Емили, 25 годишна девојка вработена во маркетинг фирма, ja носи е Chanel и вреди минимум 1.000 евра (по парче).

Емили има само 45 следачи на нејзинот инстаграм профил во првата епизода од серијата. До крајот на серијата, таа е веќе реален инфлуенсер. Емили носи баретки, bucket hats, облека со француски мотиви и слики од ајфеловата кула и живее во зграда со бистро. Има згоден комшија во станот под неа – Габриел кај кој ненамерно заѕвонува на врата… бидејќи во Франција катовите во станбените згради се бројат од 0 па нагоре, а не од 1 па нагоре како во Америка. И, Габриел е главниот шеф во бистрото што се наоѓа во истата зграда.

Во Париз има 2.148 милиони жители, но, кога продавачката на цвеќиња одбива да и ги продаде на Емили убавите розови цвеќиња, токму девојката на Габриел се појавува од нигде никаде за да го спаси денот и спријатели со Емили.

Во серијата, Французите пристигнуваат на работа во 10 часот, обожуваат секс и алкохол и работат само за да можат да уживаат во секс и алкохол… Французите не користат социјални мрежи и имаат маркетинг фирма за луксузни компании која воопшто не ги користи социјалните мрежи како алатка за маркетинг…. 

Сега за сега, ова е доволно.

Освен добриот кастинг (со слатката Lilly Collins во главна улога) и концептот на „Американец во Европа“, појдовна точка на продавањето и маркетингот на оваа серија беше фактот дека истата е создадена од човек чија работа е секому позната – Darren Star.

Beverly Hills oд CBS, една од најгледаните тинејџерски серии од 90ите, Younger, шармантна серија на Fox Life поставена во New York која се фокусира на издавачката индустрија и Sex and the City… за која ништо не би додала.

Комбинирај ги овие три серии, и добиваш три водечки концепти : 1.интересни љубовни сплетки (BH), 2. еуфоријата која следи со работењето во креативната индустрија (Younger) и проклето добра 3. мода и облека, паметен хумор и сарказам, и искрено пријателство (Sex and the City)

За жал, Emily in Paris уште од првата епизода го крши ова ветување и гази врз сите вредности кои истиот продуцент претходно ги поставил.

1 .Интересните љубовни сплетки се крајно неинтересни и клише – На почетокот од серијата Емили е во врска со Даг кој уште во втората епизода ѝ раскинува затоа што таа одбива да се врати дома кај него. Габриел, соседот на Емили е рамен лик – доволно шармантен за да не е важно што ќе проговори и доволно пасивен за гледачите да не почувствуваме ниту тронка романтика во нивната приказна.

Антоан пак е клиент на маркетинг компанијата во која работи Емили и чија љубовница е Силви, шефицата на Емили. И, како што може да претпоставите – тој е доволно заинтригиран од Емили за Силви да се почувствува застарено, заборевено и љубоморно… Сè на сè, Емили е претставена како наивно и невино девојче… чија наивност и невиност ги привлекува сите мажи кои таа, а и ние ќе ги запознаеме во серијата. А, според мене, во 2020 година, е крајно неприфатливо токму тие две карактеристики да ѝ се препишат на главниот лик на серијата како водечки и оформувачки.

2. Индустријата воопшто не е претставена како креативна: секоја загатка која и е дадена на Емили може да се реши со две формули – аll press is good press или meaningful social media engagement. 

3. Иако во 2020 иновативноста, креативноста и желбата за експериментирање се ценат во модата, во Emily in Paris тоа е прикажано на прилично смешен и патетичен начин. Во Франција, а и во целиот свет во 2020 година, тренд е effortless стајлинг. 

Секое парче облека кое го носи Емили e нападно и невкусно и обид за воведување на нов тренд во модата или на тик-ток. Иако скоро секое парче на неа е бренд од високата мода – тоа е толку невкусно комбинирано и стилизирано, што квалитетот воопшто не доаѓа до израз. Како единствен успешен моден и сценографски момент би ја изводила сцената во театарот, во кој Емили е облечена во црна тоалета и фризура налик Одри Хепберн во Funny Face (1957).

Emily in Paris крајно несовесно и стереотипно претставува две спротивни култури. Поставена во Париз, со американска продукција и продуцент, серијата не зазема почетен став и позиција – таа наизменично и активно ја осудува америчката игнорантност и наивност и француската лежерност и хедонизам.

Исмејување на една култура не е нешто ново или табу – но успешно да се спроведе истото потребен е хумор, а правењето на карикатура е нешто за што треба вештина…Преку исмејувањето на Французите, се исмејуваат и Американците… и се става акцент на проблематиката на империјализмот во 21 век.

Серијата нема никаков концепт и доследност – секоја приказна и шанса за нова сплетка е прерано, пребрзо и „пренагло“ скратена. 

Глумата е преочигледна (што е прилично чудно, земајќи предвид дека Lilly Collins има добри моменти како глумица, пр. To the Bone), можеби затоа што сценариото кое што го изведуааат актерите е комуникација која ниту една, повторувам, ниту една индивидуа не би ја имала во 2020 година, неважно годините кои таа ги има.

Сепак, како не би била хипокрит, ќе признам дека ја изгледав серијата во еден ден. Најверојатно причината за тоа беше фактот дека таа беше толку иритирачка, површна и предвидлива, што не можев, а да не ја изгледам цела.

Прашањето е, дали тоа била целта на луѓето кои стојат позади Еmily in Paris?

Emily in Paris, un ringarde quilty pleasure.

Фото: Стефан Рајхл

Сподели

Претходен напис

Pluto’s Doubts дел од…

Во Музика

Pluto’s Doubts дел од светската конференција „Mondo“

Прочитајте повеќе

Следен напис

Лесни рецепти за домашни маски…

Во Новости

Лесни рецепти за домашни маски за лице

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Новости

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

Прочитајте повеќе

Во Мода

Наталија Терзија – „Успевам да создадам квалитетни парчиња од dead stock и рециклирани материјали“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Бојан Матејин – „Во секој човек, предмет, момент гледам убавина и уникатност“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

„Врба“ на Манчевски пред американската публика

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Елена и Игор Петрови: „Чудата се можни само со позитивна мисла“

август 12, 2020

Види

TrekkМe – Две девојки кои нудат незаборавни домашни вкусови и уникатни планинарски тури од Охрид

јули 31, 2020

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Драги Неделчевски: „Возвратената љубов и милост од Мане е поголема од вселената“

јули 19, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment