„Здраво пријатели, да ви претставам нешто, ова е една од многуте песни кои не одекнуваат многу далеку, но тие што ќе ја слушаат- ќе ја слушнат. 3ject се многу заебан состав, ми ја дадоа музикава за јас да напишам нешто врз нејзе, јас избрав да ги пренесам сите чувства и содржини во свеста, произлезени од целава ситуација во која се наоѓаме сите ние оваа година, на овој начин го опишувам моето мислење и ја заокружувам 2020. Ова се само мои увиди не значи дека сум во право. И ова ќе пројде, бидете истрајни и здрави.“ – Вели Тони Зен.