Во Кинотека на Северна Македонија на 22 ноември ќе се одржи првото соларно кино во Скопје. Овој настан го организира Здружението Гоу Грин, а е во рамки на проектот „Соларни кина“, којшто е поддржан од Француската амбасада во Скопје.
За влез во соларното кино ќе биде неопходно посетителите да донесат предмет што се рециклира, а за таа цел ќе биде поставена најновата иновација на Гоу Грин – „Мобилна станица за селекција на отпад“.
„Мобилната станица за селекција“ овозможува селектирање на 6 вида отпад хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На станицата ќе има приклучено соларни панели кои овозможуваат кино проекции.
Проекцијата на филмот „Il etait une foret – Си беше една шума“ ќе се одржи во понеделник, 22 ноември, во Кинотека со почеток во 12 часот.
Овој настан своевидно го означува и почетокот на Европската недела за намалување на отпадот, која трае од 20 до 28 ноември.
Капацитетот на настанот е ограничен, а предност ќе имаат оние кои први ќе пристигнат.
Настанот се организира според сите протоколи, и за учество на истиот е потребно да приложите ковид сертификат.