Иако само една епизода е излезена од долгоочекуваната серија The Last Of Us, хорор серијата адаптирана според една од најпознатите видео игри доби рејтинг од 9.4 ѕвезди на IMDB што ја стави меѓу најдобро рангираните серии на платформата со можност да ја помине и Breaking Bad. Критичарите и фановите ја опишуваат како најдобра адаптација од видео игра и дека ќе ја скрши клетвата која постои со години во обидите да се направи добра серија базирана на видео игра.
Главните улоги се на Педро Паскал е во улога на Џоел, а Бела Ремзи ја глуми Ели. Пост-апокалиптичното зомби сценарио е вивидно претставено, а раскажувањето открива нови светови и ја претвора познатата приказна во нешто што ги влече гледачите кон неа. Иако е сè уште рано многумина веќе сметаат дека популарноста на серијата само ќе расте и дека следните епизоди нема да разочараат.