Болките во колената се честа појава, со која се соочуваат луѓе од различни генерации. Генерално, возраста има одредено влијание за некои типови на болки што се јавуваат, но кога се работи за болки во колената, сите се подеднакво изложени и тоа од различни причини.
Зошто се појавуваат болки во колената?
Ако сте личност која е физички активна (без разлика дали сте рекреативци или сериозно се занимавате со спорт), тогаш со сигурност некогаш се имате соочено со болка во зглобовите, а како една од најчестите болки од овој тип е онаа што се јавува во колената. Причина за ова е абењето на зглобното ткиво. Како резултат на триењето помеѓу зглобовите се јавува болка и вкочанетост, а многу често можете да забележите и отекување.
Причини
Постојат голем број на причини кои ја предизвикуваат болката во колената. Таа може да се јави како последица на повреда при спортување, но исто така може да е резултат на медицинска состојба како што се артритис или гихт. Постојат три најчести типови на артритис на коленото: ревматоиден артритис (автоимуно заболување), пост-трауматски (што се јавува како резултат на голема повреда на коленото) и остеоартририс (кој се јавува најчесто и е резултат на абењето на ‘рскавицата). Во сите три случаи се чувствува вкочанетост, отекување и тешкотија да се свитка коленото.
Болката може да се јави во било кој дел од структурата на коленото: делот каде што се спојува ‘рскавицата, чашката или лигаментите.
Постојат неколку ризик фактори/причини што влијаат врз тоа да се појави ваков вид на болка и тоа:
* Прекумерна тежина – колку е поголема тежината, толку е поголем притисокот врз зглобовите на коленото. Дури и најобична физичка активност, како секојдневно качување по скали, за тело со прекумерна тежина претставува напор.
* Недоволна флексибилност на мускулите. Колку ви се послаби мускулите и сте помалку флексибилни, толку е поголем ризикот да се соочите со повреда на колената. Слаби колена подразбираат дека имате послаба поддршка, а тоа сигурно не придонесува да се намали напорот врз зглобовите во колената.
* Практикување на одредени спортови. Ова се должи на фактот што кај одредени спортови поради специфичното движење, колената се поизложени на повреди. Пример за таков вид спорт е кошарката во која има скокови и свртувања кои го зголемуваат ризикот од повреда.
* Повреда. Овде спаѓаат повреди и на мекото и на цврстото ткиво. Некогаш не е потребен преголем физички напор за да се појават, доволно е да згазнете погрешно за да се соочите со болка во коленото.
Симптоми
Постојат неколку симтоми кои на телото му сугерираат дека постои проблем со колената. Во тие симптоми спаѓаат: отекување, црвенило, слабост и чувство на нестабилност, звук на крцкање, состојба во која не можете комплетно да го исправите коленото.
Што можете да направите сами?
Ако забележите оптеретеност во коленото, тоа е сигнал дека треба да направите пауза од вообичаената физичка активност. Исто така, за да го намалите отокот и воспалението можете локално да нанесете мраз, како и да го бандажирате коленото (внимавајте, бандажирањето не треба да е премногу цврсто и треба да го отстраните навечер).
За локален третман на болката ќе ви помогне Allga San akut Genu – специјална маст за колено која предизвикува ефект на загревање и пријатно чувство на олеснување. Оваа маст ги опушта мускулите и зглобовите, а истовремено ја негува и кожата. Благодарение на составот во кој се наоѓаат високо вредно етерично масло од алгојски алпски планински бор, камфор, капсаицин, пантенол, алантоин, Allga San akut Genu ја стимулира циркулацијата, помага при елиминација на болката и ја негува кожата.
Се нанесува на болното место и нежно се втрива во кожата.
Маста е достапна во сите аптеки.
Кога да побарате лекарска помош?
Некогаш со болката во колената можете да се справите и самите, но постојат и моменти кога не треба да ја игнорирате ситуацијата, односно неопходно е да побарате лекарска помош. Ако не побарате лекарска помош навреме, ризикувате да се соочите со сериозна состојба. Доколку ја третирате болката локално, но таа трае и се влошува и после неколку денови, потребно е да се консултирате со лекар.