Фотографката Loes Heerink, секојдневните улични сцени ги претвара во прекрасни фотографии, а тоа го докажува со серијата фотографии од улиците на градот Ханој. Секое утро во 4 часот, продавачите ги товарат своите велосипеди со свежи цвеќиња, овошје и зеленчук и поминуваат километри низ улиците да ги продадат и заработат. Таа живеејќи неколку години во градот и фасцинирана од уличните продавачи преку нејзините фотографии ја доловува нивната убавина на уникатен начин.
Сместувајќи се на различни мостови низ градот, таа трпеливо ги чека да поминат продавачите, фаќајќи ги овие колоритно симетрични композиции. Како резултат на нејзината стрпливост се овие воодушевувачки фотографии и разнобојни уметнички дела, форми, бои и текстури нацртани на сивото платно на улицата. Понекогаш и пет часови чекање резултирале без ниедна успешна фотографија, но сонот на Херинк е да го прошири проектот до 100 фотографии и да објави книга за да ја слави убавината на овие вредни улични херои. Таасе надева дека ќе собере средства за враќање во Виетнам, каде што ќе ги интервјуира и фотографира работниците и ќе ја заврши публикацијата. Нема за цел да заработи пари од проектот, туку едноставно да ги објави сериите со цел да си го исполни својот сон и да ја шири убавината што овие продавачи кои несвесно ја создаваат.