Скопје изгледа преубаво низ фотографиите на Фуркан Идризи. За студентот по стоматологија, фотографијата е хоби, но игра голема улога во неговиот живот.
„Фотографиите не се прават само со нашите очи, сликаме и со нашите искуства, емоции и срце. Она што ги прави моите фотографии различни од другите е што повеќето се направени со камерата на мојот смартфон. Кога им кажувам на тие што ме прашуваат дека немам професионална камера, обично не ми веруваат и мислат дека се шегувам. Луѓето велат дека сум природно смирен. Ова е делумно точно. Иако можеби изгледам срамежлив и резервиран за луѓе кои не ме познаваат, јас сум прилично разговорлив. Ми се допаѓа многу да слушам музика и сум голем љубител на филмови и книги“, вели Фуркан.
За фотографирање се заинтересирав… прв пат кога бев на одмор во Турција, oбидувајќи се да го сликам секој момент од моето време таму.
Прва фотографија ми беше… Колку што се сеќавам беше фотографија од зајдисонцето, направена од прозорецот во автобусот, враќајќи се дома од училиште.
Инспирација за фотки добивам од… Инспирацијата е важна за секое креативно лице. Таа е суштински дел од неговиот постојан развој. Јас се инспирирам гледајќи ги фотографиите на фотографите на чија работа им се восхитувам, посетувам различни изложби, тие се добар извор на инспирација, исто така гледам и многу документарни филмови.
Фотографијата има моќ да… Има моќ да пресели ум и да го принуди да дејствува. Фотографијата е, во најчиста форма, тивок снимател на човештвото онолку долго колку што е присутна.
Фотографи кои редовно ги следам и ја почитувам нивната работа… Arbnora Memeti, Ilir Sejdiu, Andrei Ciesielski, Steve McCurry, Peter McKinnon, Chris Burkard, Sebastião Salgado.
Неостварена желба ми е… патување низ целиот свет, јас и мојата камера.
Социјалните мрежи се соодветно место за промовирање на младите фотографи… Дефинитивно, да не беа социјалните мрежи, не би можел да го направам ова интервју.
Омилено место за фотографирање во Скопје/Македонија ми е… Моите фотографии се најчесто спонтани фотографии, така што немам некое омилено место за фотографирање.
Места/градови/ликови/настани кои ме поттикнуваат да фотографирам се… природа, плажите на L.A., Andrei Ciesielski кој фотографира на протестите во Хонг Конг…
Проект/фотограф со кој би сакала да работам е… Фотографот со кој би сакал да работам е Sebastião Salgado, би научил многу од овој човек бидејќи има патувано во околу 120 земји во светот и има посебно искуство.