Веќе цела недела беснеат протестите на национално ниво против расизмот и полициската бруталност во Америка и Европа. Овие протести за многумина се повик за будење. Многу од нас сфаќаат дека треба конечно поголема едукација за расната правда. Барањето на корисни ресурси за едукација е првиот чекор и за почеток тоа можат да бидаат книги, филмови, серии… Ние ви предлагаме неколку филмови и серии кои се инспиративни и вреди да се гледаат.
Овој документарен филм, со номинација за Оскар, од режисерката Ava DuVernay, ги истражува прашањата за расизмот, правдата и затворите во САД. Името се однесува на 13-от амандман, со кој се укина ропството. Во филмот, DuVernay тврди дека криминализацијата на Афроамериканците е всушност модерно продолжение на ропството. Таа ги повикува научниците, активистите и политичарите да анализираат како затворскиот систем несразмерно влијае на луѓето со боја.
Оваа комедија-драма ги следи студентите додека се дружат и учат во едно училиште во САД кое се смета за „отворено без предрасуди“, но вистината е малку поинаква. Очекувајте многу смешни моменти, како и увид во она што не е во ред со расните односи денес во Америка. Достапна е на Netflix, има преку 30 епизоди и вреди да се погледне.
Во 1989 година, пет млади Њујорчани во Градскиот парк, се уапсени и затворени за силување – кривично дело што не го сториле. When They See Us, е моќна серија од четири дела во режија на Ava DuVernay. Случајот е вистинска приказна од 90-тите, и се работи за неправедниот правосуден систем кој ќе го смени текот на животот на овие пет момчиња кои се лажно обвинети. Интересно е дека Опра Винфри е продуцент на серијата.
Овој филм ја истакнува строгата едукативна нееднаквост што постои во САД. Преку студии на случаи во Њу Јорк и Лос Анџелес, овој документарен филм покажува дека иако поминале над 60 години откако Врховниот суд пресуди дека сегрегацијата во училиштата е неуставна, многу афроамерикански студенти и оние кои живеат во сиромаштија сè уште немаат пристап до квалитетно образование.
I am not Your Negro е филм кој се заснова на недовршен ракопис од James Baldwin и ја опфаќа историјата на расизмот во Америка, фокусирајќи се на приказните на лидерите за граѓански права Medgar Evers, Malcolm X и Martin Luther King Jr. Ги поврзува шеесеттите години на минатиот век со денешното #BlackLivesMatter движење, покажувајќи дека нашето општество има уште долг пат да тргне во борбата за расната правда.
Базиран врз основа на романот на James Baldwin со истото име, филмот ја зборува приказната за Tish Rivers и Fonny Hunt, млада црна двојка која живее во Харлем. Кога Fonny е уапсен и обвинет за силување бела жена, Tish се обидува да го исчисти неговиот образ и да се бори против корумпираниот правосуден систем, кој се заканува дека ќе им ги уништи животите.
Just mercy се темели на вистинската приказна за Bryan Stevenson, адвокат за граѓански права и Walter McMillan, неговиот клиент кој е погрешно осуден за убиство на бела жена. Филмот ја прикажува борбата на адвокатот за расчистување на случајот и покрај расизмот и правните и политичките пречки со кои се соочуваат двете страни.
Овој филм е снимен според мемоарите на Ron Stallworth од 2014 година, првиот афроамериканец- полицаец и детектив во полицискиот оддел во Колорадо. Поставена во 1970-тите, Ron има задача да се инфилтрира во локалниот огранок на Ku Klux Klan. Ако се земе предвид дека заработи шест номинации за Оскар и четири номинации за Златен глобус во 2018 година, сметаме дека неизбежно е да се изгледа овој филм.