Новата кампања на маркетинг агенцијата LeanSEM те предизвикува да продолжиш да ги поставуваш вистинските прашања
Овој април, македонската дигитална маркетинг агенција LeanSEM, која е повеќегодишен Google Премиум Партнер, ја лансираше својата прва локална кампања која го интригира окото и умот на оние кои ќе се сретнат со прашања и ликовите кои стојат позади нив.
Деновиве низ Скопје може случајно да наидете на неколку познати личности од минататото, кои го променија светот со своите дела. Нa повеќе билборди низ градот, а и на социјалните мрежи, „оживеаја“ ликовите и прашањата кои „теоретски“ си ги поставувале Цезар, Њутн, Флеминг, Колумбо, Галилео, и Коко Шанел.
Идејата за кампањата е инспирирана од самиот начин на кој вработените функционираат во компанијата и во секојдневието — постојано поставувајќи си прашања: како да го зголемат успехот на кампањата, како да ги воодушеват клиентите, како да постигнат синергија во тимот.
Целта на кампањата е да ги пронајдат токму оние луѓе кои не се плашат да одат подалеку од очигледното и да го предизвикаат статус квото, и кои би им се придружиле во мисијата да ја изградат најдобрата глобална дигитална маркетинг агенција, од Македонија.
LeanSEM е првата дигитална маркетинг агенција од Македонија која работи со клиенти од Силициумската Долина и со стартапи ширум светот, менаџирајќи кампањи на Google платформата и социјалните мрежи со буџети и од над 3 милиони долари месечно.
Дознај повеќе: leansem.com/odgovor-sm