Софистицирани мирисни ноти за вистинска елеганција
Бритaнската куќа за мириси Jo Malone London е позната по елегантните мирисни ноти, луксузни свеќи и производи за капење, што нудат релаксирачко чувство и вистинско уживање. Од лансирањето на првите производи во 1994 година, па до денес Jo Malone Лондон остана во првите редови на најелитното друштво, синоним за префинети мирисни ноти, најмногу поради тоа што во своите производи користи специфични состојки.
Сите производи Jo Malone London зрачат со печат на софистицирана едноставност. Филозофијата на комбинирање мириси што ја применува брендот овозможува секој производ да може да се користи сам по себе, но и во комбинација со другите по избор, што дава слобода да создадете ваш уникатен мирис.
Од историската градска куќа во срцето на Лондон, креативното студио црпи инспирација од британскиот живот и од британската култура, со што се создава приказната зад секој мирис. Секој нов мирис се создава во партнерство со еден од најпознатите парфем-мајстори, при што се користат најквалитетните состојки. Пакувањето е исто така со елегантна нота, црно-кремава кутија со препознатливaта свилена машна. Симбол на софистицираност и великодушност. Од експертите се сметаат за едни од највнимателните и најгрижливите подароци… ако им одолеете да ги подарите.
Производите на Jo Malone London наскоро ќе можете да ги најдете во парфимеријата FАBUspot Македонија во хотелот „Мериот“.