Не чекајте да ви раскажуваат за десетте дена на Крушевската Република за да го доживеете Крушево. Појдете веднаш и откријте го градот каде што историјата, културата и природата се спојуваат во еден неповторлив мозаик. Крушево е живописен град што плени со својата богата историја и културно наследство. Тесните кривулести улички се како водич на македонската несекојдневна архитектура на планински куќи, кои како штиркани чаршафи се белеат една над друга. Крушево е и хотелот „Монтана“. Единствениот хотел што уште од 1973 година во себе ги чува сите приказни на Крушево. Реновиран, тој е симбол на луксузот и удобноста. Монтана е сместен на најмаркантната точка во градот, со неповторлив поглед кон Крушево.
Хотелското лоби, опремено со мебел во кожа, создава амбиент на луксуз и комфор, кој мириса на ново и убаво. Во сите 78 соби има по нешто автентично крушевски, ако ништо друго барем по една коцка крушевски локум со оревчиња што добро оди со првото утринско кафе. А, кога сте веќе во „Монтана“, најголемиот сместувачки капацитет во Крушево, се чувствувате се безбедно, разгалено и секогаш барајте повеќе, тоа барем лесно се наоѓа во обновениот ресторан, паб и гејминг зона што дава нова, свежа енергија на хотелот.
Овој уникатен спој на историјата и уметноста му дава на хотелот „Монтана“ слобода да ве покани на ручек во ресторанот „Домо“, па покрај незаборавното гастрономско искуство ќе имате можност да седите крај едно од најзначајните уметнички дела на македонската современа уметност – сликата „Илинден 1903“ на познатиот македонски уметник Борко Лазески.
Во „Монтана“ се нудат и четири конференциски сали идеални за деловни состаноци и настани. Тоа значи дека во хотелот лесно може да се спои работата и уживањето.
А кога сме кај уживањето, за љубителите на спортот и адреналинот, хотелот нуди пристап до терени за скијање и планински велосипедизам низ зимзелените шуми на Бушева Планина, параглајдинг од Мечкин Камен и адреналински парк.
Крушево е дестинација што нуди за секого по нешто – љубители на историјата, културата, природата и храната. Неговиот уникатен шарм и топлината на луѓето го прават задолжителна локација во Македонија. Без разлика дали истражувате историски локалитети, се занимавате со културно наследство или, едноставно, уживате во природните убавини, Крушево и хотелот „Монтана“ ветуваат незаборавно искуство.
Појдете веднаш и откријте го луксузот на историјата и уметноста во хотелот „Монтана“ во Крушево – градот каде што историјата и модерниот комфор се спојуваат за да ви понудат незаборавен престој.