Новиот филм “Asteroid City ” се очекува да излезе во јуни 2023, а во него ќе се појават Margot Robbie, Scarlett Johansson, Tilda Swinton, Bryan Cranston, Jeffrey Wright, Ed Norton, Adrien Brody, Liev Schreiber, Maya Hawke, Steve Carell, Hong Chau, Willem Dafoe и Jeff Goldblum. Првиот трејлер е веќе промовиран, а по него можеме да заклучиме дека освен веќе добро познатата динамика и стил на режисерот, овој пат можеме да очекуваме и нешто почудно од вообичаено. Дејството се случува во град лоциран во пустина околу 1950та година, а главната тема е настан што ќе го промени светот. Судејќи по трејлерот освен добро познатите глумци можеме да очекуваме и појава на натприродни посетители во форма на вонземјани.
Филмот е напишан од Anderson и неговиот познат соработник Roman Coppola, а неговата кино премиера се очекува некаде околу 16 јуни. Светската премиера ќе се случи на Канскиот филмски фестивал во мај.
Погледнете го трејлерот: