New Balance дефинитивно станува доминантен бренд во изминативе години кога станува збор за патики и улична мода. Полека но сигурно, од хипстерски бренд, пласирајќи dad sneakers премина во модерен бренд што парира на Nike и Adidas. Како и повеќето луѓе што сакаат мода и трендови, ниту нас не нѐ одмина New Balance манијата. Еве неколку модели на патики што ќе бидат пласирани оваа пролет, а ние се надеваме дека поскоро ќе можеме да најдеме дел од нив низ нашите продавници.