По успешното појавување на музичката сцена на почетокот на пандемијата, младата Македонка Катериња, која живее и твори во Берлин, денес излезе со ново видео за песната „My Bed“. Во соработка со Адам Мунинингс, идниот филмски режисер, Катериња прави вистински перформанс на соул/поп песната во свила и сатенски фустан и идилично сценарио кое наликува на сон. Модата, танцувањето и музиката портретираат soirée (приватна вечера) славејќи ја слободата на флертувачки начин.
„Користејќи го креветот не само како место за интимност туку и како метафора за себеприфаќање и прифаќање на надворешноста, перформансот може да се гледа како личен акт на опуштање и славење на ранливоста“, вели режисерот Адам Мунингс, креативниот мастермајнд позади многу музички и модни видеа, меѓу кои и на Вог, Адидас, Фил Бо Рива… и многу други.
„Песната е за тоа како сакам да бидам третирана и видена од мојот љубовник. Додека ја пишував сфатив дека е нешто кое сакам да ми биде посветено мене. Така што јас сум музата на оваа песна, си ја напишав за себе“, вели Катериња, чија претходна песна, „Not Your Friend“ исто така беше за љубовта кон себеси.
„My Bed“ е продуцирана од Абаз и Џезбоис, со кои работеше и на нејзиниот дебитантен сингл и следните песни.
„Композицијата и аранжманот на песната се игриви, лесни, динамични и слоевити, баш како што сакам да изгледа една романса“, вели таа.
Во прилог погледнете го видеото за „My Bed“.