Детскиот бренд Okaidi ја претставува својата нова платформа www.okaidi.com.mk каде можете да најдете изненадувања, неодоливи производи за најмалите и секако добри промоции.
Оваа есен дизајнерите на Okaidi создадоа исклучително топла колекција со слатки парчиња, како и подеднакво топли обувки.
Нивната онлајн платформа овојпат е надоградена со уште повеќе содржина, па така сега на ултра лесен начин ќе ја пронајдете колекцијата целосно изработена од органски памук, маичките со принт кои се омилени на вашите најмили или пак неопходните производи за новороденчињата.
Палетата на бои и исклучителните материјали секогаш се од огромно значење, па ќе забележите дека токму есенската колекција на Okaidi изобилува со вакви парчиња.
Дел од истата се и производите за спиење изработени од најмеки материјали совршени за сонот на секое детенце, како кадифени пижами, вреќи за спиење и стилски додатоци.
Сите овие препознатливи парчиња на Okaidi од денеска се достапни на www.okaidi.com.mk.