Со само мали промени и внимателно внесени детали во домот, можете да постигнете удобен и топол простор без големи трошоци. Одберете некој од есенските трендови и дајте му на ентериерот освежен и модерен изглед.
Акцент на таванот
Оваа сезона погледот се врти нагоре поради таваните обоени во силна боја, украсени со дрвени греди или со тавански плочки што даваат стилски печат на просторијата што ја украсуваат.
Кадифе како луксуз
Кадифето потсетува на есен и на зима, но воедно дава луксузен изглед на парчињата мебел, особено кога се во комбинација со грубо обработени природни материјали, мазни метални површини и/ли керамика.
Модерна и топла бања
Модерен изглед без големи трошоци ќе постигнете со т.н. лажни парчиња (faux) како овие лепенки за плочки и лажни дрвени површини што нема да се оштетат од водната пареа во тоалетот.
Смела комбинација на материјали
Теракотните плочки никогаш не излегуваат од мода, а сезонава се хит. Вклопете ги во ентериерот во комбинација со дрво и кадифе за да постигнете топол, пријатен впечаток.
Бронзен сјај
Бронзата го презема приматот од бакарот, што беше актуелен во минатата сезона. Овој метал особено добро се вклопува во домови уредени во отворен стил каде што сѐ е на видик.
Розова свежина
Millennial pink нијансата го отстапува местото за розовата blush или tissue pink нијанса, што ќе го освежи секој простор, на суптилен, ненападен начин.