За името на колекцијата…
Мислам дека е mutual feeling на многу луѓе кои се страстни за она што го прават. Целиот стрес кој ни се нафрла од самиот момент кога ќе ги отвориме очите, сите тие правила, закони, прописи, насоки кои некој ги измислил и од друга страна фактот дека сме живи во 2020, во време кога буквално од ништо се праат чуда. Ние, поготово поновите генерации, кои фатија и баскет и фудбал во маало и технологија at its finest (за сеа), некако најмногу живееме со овие две крајности цело време.
За изгледот на колекцијата…
Доминација на портокалова боја. Доминација на памук, високо квалитетен, внимателно третиран.
Целата изработка на сите парчиња е во Македонија, сработено е во мало студио кое се грижи секој детаљ да биде на свое место. Колаборацијата со Boogie (прва) се негови фотки од неговите книги за ЊУЈОРК и СРБИЈА. Фантастично е како фотографиите се безвременски од апсект на тоа што се импактни и содржат моќна метафора со која одлично кореспондираме и сега како и во времето кога се фотографирани.
Колекциијата содржи 8 различни дизајни на маички, graphic-heavy дизајни, 2 блузи, карго панталони, бакетхетс, чорапи, мини-скулптури итн.
Бидете таму.
ОХ STREETS
SSSB POP-UP
Котур Кафе и Филм
Адреса: Никола Вапцаров 7
1000 Скопје
Настанот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани: https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (бр.33)
*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста