Druggy во соработка со бендот „Искра“ ја објави својата нова песна насловена „Нова ера“. Песната е најава за новиот албум на Druggy насловен „Неврзаните“ кој излегува на крајот на месецов.
„Нова Ера“ е инструментално дело и е втора соработка помеѓу „Искра“ и Druggy откако минатата година ја објавија песната Synth Slaughter & Nick Wave. Вижуалот за песната е дело на „Искра“ и ја следи нивната веќе препознатлива анимирана тематика, но сега дополнета со ликот на Druggy.