Во последниве 50 години сликите и написите од отпорот и бојкотот ги бодреле луѓето за време на турбулентните политички, општествени и економски настани во светот. Како на пример, хипи отпорот на војната во Виетнам, музичкиот жанр acid house кој се појави за време на владеењето на Маргарет Тачер во Велика Британија, младинското движење против војната на Западот кон тероризмот како и последните штрајкови, активизам и движења за климатските промени. Токму во музиката и визуалните претстави на културата, генерациите бараат засолниште како и надеж, комфорт и причина за насмевка. Тука се појавува популарното Смајли кое е дел од нашата колективна свест.
Во последниот анимиран краток филм на компанијата „Смајли“ се обработува патот на жолтото насмеано лице, како во популарната култура така и во поалтернативниот андерграунд. Филмот започнува со раѓањето на Смајли, прв пат употребено од Франклин Луфрани во 1972 година во издание на францускиот весник France Soir, како симбол за добри вести, и продолжува со патувањето на Смајли низ декадите како „противотров на глобалните конфликти и лошите предвидувања“.
Во моментите на криза, како нукеарниот армагедон во 70-тите до економскиот пад во 80-тите, климатските неправди, заканите кон рејв сцената и културните институции, расните тензии, масовната невработеност и сегашната глобална пандемија, гледаме како Смајлито секогаш го покажува своето лице. Смајлито се појавува во хедонистичките 80-ти, технотопиијата на 90-тите, а потоа и во речникот на смајлиња во 1997 година, што беше создаден од извршниот директор на компанијата „Смајли“ Николас Луфрани и стана универзалниот јазик на емоциите кои ги претставуваат нашите чувства во времето на дигиталната поврзаност. Како што времето ита кон хиперколаборација и зависност од екрани, борба за моќ и копнеж за креативна поврзаност надвор од екраните, Смајлито сепак опстојува во радикалната уметност, на плакати и на рејв флаери, а добива референци и во модата, односно во секоја ера каде општеството наликува дека се движи кон уништување.
Во филмот гледаме надежна иднина замислена преку соединување на позитивна, креативна експресија. „Смајлито се појави како емблем за сите кои посакаа да го заменат очајот со можност и со ветување“ се вели во филмот.
Филмот е предвесник за 50 годишнината на компанијата „Смајли“ во 2022 година, за која имаат во план да направат 50 колаборации со артисти и брендови. „Смајли“ неодамна соработуваше со графити артистот Mr. Andre за да создаде ексклузивни логоа за 50 лимитирани соработки со продукти. Познат по неговото алтер-его Mr. Andre, ознаката Mr. A и концептот „Love Graffiti“, логоата оддаваат почит на артисти низ декадите и на оригиналната порака на кампањата од 1972 година „Најди време да се насмееш“ (Тake The Time To Smilе).
Историјата на Смајли е патување низ нашата турбулентна историја и потсетник дека колективната, радикална позитивност сепак има моќ. Како што вели Диџеј Пјер, наратор во филмот (кој се смета за татко на acid house музиката), „нема наивен начин да се негира реалноста во светот, освен проектирањето на подобра иднина, преку позитивност креативност и соединување“.
Извор: Dazed