• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • март 2021
  • февруари 2021
  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

МВР ме прави огорчена и лута

март 2, 2021

Види

Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

март 1, 2021

Види

PMGJAZZ со три концерти во живо во МКЦ

февруари 25, 2021

Види

Победници на отворениот повик за креативни идеи на тема „Другите“

февруари 23, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Живот и Култура, Новости

Ника Гавровска – „Бел“ е приказна за безрезервна љубов, онаа што не е условена од времето, просторот и обликот
Автор: Марта Стевковска Фотограф: Жарко Чулиќ

февруари 19, 2021

Ника Гавровска – „Бел“  е приказна за безрезервна љубов, онаа што не е условена од времето, просторот и обликот

Ника Гавровска е писателка и сопственичка на издавачката куќа „Гаврош“, спој на креативното, но ненаметливо секојдневие, кое на многу суптилен начин го привлекува вниманието на љубителите на книгата. Нејзината книга за деца „Бел“ е приказна за љубовта и стравовите, приказна за мајчинската љубов, онаа што која не бара ништо за возврат.

Ќе сакате ли да ни раскажете нештко накратко за себе, нешто невообичаено, нешто што би сакале да го споделите со читателите?

Некои приказни се забораваат, а некои се паметат исто како да се случиле насон. Никој не знае дали таа беше дел од некој негов сон или тој беше сон што таа некогаш го сонила. Мојата приказна почнува една ветровита зимска ноќ… (ова е почетокот на сликовницата Бел)

Што ве привлече кон пишувањето и издаваштвото, од каде црпите инспирација?

Пишувањето е главно потреба да се раскаже некоја приказна. Издаваштвото пак стана моја професионална определба со постдипломските студии по издаваштво во Франција. Не знам од каде црпам инспирација. Можеби од неуспесите, стравовите и разочарувањата. Да, од стравовите и од потребата да ги надминам истите.

Како ја создадовте сликовницата „Бел“, од каде инспирацијата и како дојдовте до пораката на приказната?

„Бел“ е приказна за љубовта. Инспирацијата и пораката на приказната потекнуваат од едно исто место – идејата за безрезервна љубов, онаа што не е условена од времето, просторот и обликот. Таа постои, без да побара нешто за возврат. Таква љубов е мајчинската, а понекогаш, само понекогаш, на полна месечина можеме да ја почувствуваме и за некој друг човек 🙂

Како изгледаа почетоците на „Гаврош“, како дојдовте до идејата за името, за местото, за начинот на комуникација со читателите?

„Гаврош“ е продукт на повеќегодишно инвестирање во идејата за издавачка куќа во која ќе можам да ги реализирам сопствените уреднички политики. Комуникацијата со читателите доаѓа многу непосредно, се обидувам да немам агресивен настап на сцената, и тоа не е стратегија туку е во согласност со мојата природа. Што се однесува до името, Гаврош е незаборавен лик за сите оние што го читале романот „Клетници“ од Виктор Иго. Симбол на револуцијата, идеалите, жртвата, слободата и детето.

Колку ве промени мајчинството, што научивте?

Мајчинството ме направи плашлива за доброто на другиот, а сосема индиферентна кон сопственото добро. Вистинската привилегија во процесот на растење дете е можноста светот одново да се посматра низ призмата на детските очи. Ништо немам научено, учам секој ден, затоа што не постои никој и ништо што може да ве подготви за тоа што следи 🙂

Што ви е најважно да го научите вашето дете?

Да не лаже, да не краде и никогаш да не престане да си игра.

Како се справувате со предизвиците од пандемијата, каде го наоѓате мирот?

Во пандемија или не, мирот го наоѓам само кога сум сама. Пандемијата ме порази на повеќе полиња, но главно во фактот што твојата судбина зависи од туѓото поведение. Не бев навикната моето постење да зависи од некој друг. Добра лекција за егото и саможивоста, неповратно изгубена надеж и верба во човештвото.

    На што работите вие моментално и кои следни наслови може да ги очекуваме во „Гаврош“?

    Со особено задоволство би сакала да го најавам учеството на издавачката куќа „Гаврош“, како еден од седумте партнери, во интернационалниот проект „Ways of the Heroes“ поддржан од Креативна Европа. Станува збор за обемен проект (спој од театарски претстави, фестивали, работилници и други форми на изведбени уметности) кој ќе се одвива во текот на следните две и пол години, а како финален продукт конкретно на работата на Гаврош ќе биде илустрирана книга за деца. Истата ќе биде преведена на 5-те јазици на партнерите (италијански, грчки, босански, српски и словенечки). Истовремено, со нетрпение го очекувам почетокот на соработката со илустраторот Никола Радуловиќ со кого ја подготвуваме првата заедничка приказна со наслов „Бамбино“. Уште една приказна за љубовта и стравовите 🙂

    Сподели

    Претходен напис

    „Другата страна“ - македонски…

    Во Живот и Култура

    „Другата страна“ - македонски семеен филм за децата кои се принудени да пораснат пребрзо

    Прочитајте повеќе

    Следен напис

    Српска уметница црта прекрасни уметнички…

    Во Уметност

    Српска уметница црта прекрасни уметнички дела со вино

    Прочитајте повеќе

    Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

    Во Мода

    Нова линија на модни марами дизајнирани од Росица Мршиќ

    Прочитајте повеќе

    Во Живот и Култура

    МВР ме прави огорчена и лута

    Прочитајте повеќе

    Во Новости

    Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

    Прочитајте повеќе

    Во Живот и Култура

    Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

    Прочитајте повеќе

    Најчитани

    Види

    Наталија Стојевска – „Сите ние, мажи и жени имаме подеднакво право на секс“

    јануари 28, 2021

    Види

    Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

    февруари 26, 2021

    Види

    Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

    декември 1, 2020

    Види

    Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

    октомври 23, 2020

    Portret digital

    © 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment