Без разлика дали сте фан на НБА лигата, и дали редовно ги следите натпреварите од престојниот плејоф, сигурно на социјалните мрежи сте сретнале барем една фотографија од модните комбинации, во кои големите спортски ѕвезди рордо пристигнуваат на натпреварите. Нашиот заклучок е дека тие сите имаат изграден и препознатлив моден израз, и секоја година стануваат се похрабри. Покрај сопствените модни линии, голем број од НБА играчите, пишуваат за модни магазини, даваат стилски совети или едноставно уживаат во сњкојдневно модно експериментирање.