Македонската актерка Наталија Теодосиева изминативе денови доби две награди на два различни филмски фестивали за нејзината улога во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски.
Теодосиева во саботата доби награда за најдобра главна женска улога во „Врба“ на интернационалниот филмски фестивал за независни филмови, „Across the globe“, а еден ден подоцна доби награда и за најдобра споредна улога на фестивалот во Атина на „Маратонскиот филмски фестивал“. На овој филмски фестивал, посебни признанија добија режисерот Манчевски, актерката Сара Климоска и кинематограферот Тамас Добос.
Филмот „Врба“ имаше премиера во 2019 година на Римскиот филмски фестивал. Оттогаш бележи големи успеси на светски фестивали, прикажување низ цел свет и награди за режисерот Манчевски, но и за филмот.