Се разбира дека постоењето на овој фестивал немаше да биде ни пола забавно доколку не постоеше Joe Exotic.
Mulletefest се одржува во малиот град Kurri Kurri Во Австралија и е годишна манифестација која ги слави најдобрите Mullets во земјата. Инспириран од оваа извонредна манифестација фотографот Craig Gibson одлучува дека мора да ги фотографија учесниците и да ги претстави од различен агол. Во серија од интимни портрети наречена Kentucky Waterfalls, Gibson сака да ја претстави уникатноста и стилот на секој од учесниците.
Gibson вели дека и покрај тоа што оваа фризура е неславна и има лош имиџ, работејќи на овој проект тој открил дека за многу од мажите што се дел од проектот, оваа фризура е огромен дел од нивниот идентитет и изразување на себеси. Многумина се чувствуваат како вистински австралијанци токму поради тоа што имаат ваква фризура. Фестивалот ги охрабрил и оние мажи кои долго посакувале Mullet но немале храброст да го направат.