Високата мода црпи инспирација од секаде, од природниот свет па сè до ликовната уметност. Но, можеби нема подобра комбинација од онаа помеѓу модните дизајнери и архитектите. Додека архитектурата ни дава простори во кои живееме и работиме, високата мода е тука да ни овозможи да носиме уметност во истите тие простори.
Дизајнерите кои креираат архитектура со модата, ги користат своите материјали и платна како градежни блокови и создаваат обликувана форма што се носи, на ист начин како што и архитектите користат бетон, цемент и стакло за да ги изградат своите објекти. Модните гиганти како Pierre Balmain и Gianfranco Ferré се познати како архитекти во модната индустрија и многу јасно вметнуваат архитектонски елементи во своите дизајни, велејќи дека „креирањето облека е архитектура на движењето“.
Модата инспирирана од архитектурата вклучува несекојдневни пропорции, лоши агли и бара особено внимание околу конструкцијата и формите. За да се создаде тродимензионален, архитектонски изглед, ткаенините често се плетат, преклопуваат или се поставуваат во многу слоеви, со цел да се изгради конечниот ефект. Денес многу модни куќи вклучуваат во своите колекции доза на архитектура или инспирација од одредени и конкретни архитектонски дела, без разлика дали станува збор за некое современо дело на Frank Gehry или инспирација од арапската архитектура.
Од класичните црковни ентериери до најсовремените облакодери, модните дизајнери честопати се инспирираат од архитектурата. Еве само неколку примери на модни креации инспирирани од архитектурата.