Завчера вечер во Загреб, во елегантниот и софистициран амбиент на ресторанот Zinfandel во хотел Esplanade се одржа регионален настан за Armani SÌ.
Лансирањето на новиот Armani SÌ EAU DE PARFUM INTENSE парфем беше пропратено во друштво на соработници и пријатели на брендот кои имаа прилика да ја искусат филозофијата на зборот SÌ (Да).
Одата да кажеме да, Sì (Да) претставува избор на разумот и емоциите.
Зборот Sì е олицетворение на страста, слободата, љубовта и е храбар израз на современата женственост. “Sì (Да) е најмоќниот збор. Тој е избор на бескрајните можности кои ги нуди животот..” изјави Giorgio Armani
Пријателите на брендот Armani имаа можност да ја отелотворат ултимативната визија на самиот бренд: Ангела Ѓоргиева и Александра Шијакоска од Македонија, како и Џејла Рамович, Ерна Саљевич, Џина Дамјанович, Зала Џурич, Татијана Јурич, Драгана Косјерина, Ива Михалич, Николина Пишек се само дел од имињата кои присуствуваа на настанот со кој воедно се одбележа 10 годишнината од Armani SÌ мирисот.