Моментален „state of mind“… еден во кој што сакам да сум цело време. Мир и фокус.
Омилен спомен од детство… готвењето на баба ми.
Албум што можам да го слушам безброј пати… Anti на Ријана
Од пандемијата научив… да гледам помалку сериозно на животот.
Светска музичка ѕвезда која ме инспирира… сите артисти што имаат направено нешто од нула.
Омилено место во Скопје… моментално студио и теретена, евентуално маалско кафуле.
Особина на која сум особено горда… упорност дефинитивно. И тоа што не се плашам да направам нешто што не го направил никој друг.
Дневен ритуал кој го применувам… кафе, прошетка со моето куче, нега на кожата на лице и тело, за останатите работи оставам моментот да одлучи.
Омилена социјална мрежа и зошто… Onlyfans дефинитивно. Нема негативна енергија.
Филм, книга или претстава што најдлабоко ме трогнале… Последна ја читав „Разговори со Бога“ и сè уште сум под импресии. Ја препорачувам на секој кој има изгубено допир со себе.
Најважна карактерна особина што сакам да ја поседува мојот партнер/ка… да има „flow“ ☺
Не можам да се дружам со… луѓе што имаат предрасуди.
Во изборот на песни и соработници најмногу внимавам… за соработници секогаш избирам луѓе што ми се допаѓаат нивните претходни проекти. За песна секогаш се консултирам со блиските луѓе околу мене.