cosmelan® е професионална метода која целосно ги отстранува постоечките дамки на кожата и го спречува нивното повторно појавување на долг рок.
Лабораториите на mesoestetic® продолжуваат со иновациите во областа на депигментацијата за развивање на ефикасни решенија.
Овој естетски третман кој се изведува исклучиво од професионалаци, има одлични клинички резултати кои ја потврдуваат неговата ефикасност во третирањето на секаков вид на дамки, дури и оние најтешките и најотпорните кај сите типови и фототипови на кожа. Резултатите се видливи уште од првата недела благодарение на неговиот уникатен и двоен механизам на дејствување: елиминирање и регулирање. Од една страна ги елиминира видливите дамки, но и делува на изворот на проблемот,регулирајќи го прекумерното производство на пигмент со цел да се спречи негово повторно појавување.
ОД ШТО СЕ СОСТОИ COSMELAN ТРЕТМАНОТ?
cosmelan® е топикален третман кој трае скоро 6 месеци и комбинира една сесија од третманот во ординација со продолжување на третманот со задолжителна домашна нега. При третманот во ординација докторот/естетичарот го изведува третманот со нанесување на маската за интензивна депигментација. Процесот продолжува во домашни услови со следење на препораките. Третманот е безболен и се изведува без игли. Се прави единствено во зимски услови.
ПРЕД/ ПОТОА
*третманот може да го направите во сите дерматолошки ординации и обучени естетски клиники.*instagram: mesoestetic.northmacedonia
Комерцијален текст